А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Почна вежбата „Македонски Блесок-11“

by А1он03/10/2015 - 12:41102
Share0

Во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ и Армискиот полигон „Криволак“ денеска започна теренската вежба „Македонски Блесок-11“.

Следете a1on на Instagram Instagram

На чинот на свеченото отварање присуствуваше Началникот на штаб на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Азим Нуредин.

Како што соопшти денеска Центарот за односи со јавноста, на отварањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата бригадниот генерал Азим Нуредин истакна дека реализацијата на вежбата ,,Македонски Блесок 11“ за Армијата на Република Македонија претставува една од задачите со врвен приоритет во 2015 година.

Ваквата констатација, како што рече, се базира врз сеопфатните и темелни подготовки, како и сложениот планирачки процес кој го реализиравме, од што ќе произлезе НАТО оценување Ниво 2 на четата на Воена Полиција и самооценување Ниво 1 на ренџерската чета од составот на Полкот за специјални операции.

Следете a1on на Youtube YouTube

Воедно, тој нагласи дека претстојната вежба претставува одлична можност за изведување на колективна обука на единиците како форма за усвојување на НАТО стандардите, но и за усовршување на штабните процедури во НАТО водените операции, што ќе придонесе во јакнењето на нивната борбена готовност.

При посетата бригадниот генерал Азим Нуредин со директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски извршија обиколка на раководството на вежбата при што од страна на штабот на вежбата се изврши презентација за вежбата и активностите во текот на вежбата.

На вежбата и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки, со цел да се изврши обука и извежбување во разни ситуации, согласно листата на задачи на НАТО при изведување на операциите за подршка на мирот.

Вежбата ,,Македонски Блесок-11“ е жива вежба со единици на терен базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот предводени од НАТО/ЕУ, а под мандат на ОOН, со која треба да се демонстрира борбената готовност на декларираните единици за употреба во НАТО – предводените операции.

arm

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 14:22

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 09:54

34 години македонска армија

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 08:22

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он17/08/2026 - 21:08

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Катерина Ѓуровски03/07/2026 - 13:38

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он28/05/2026 - 16:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео