Медведев: Со воената мисија во Сирија ги штитиме Русите од тероризам

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави денеска дека издвојувањата за армијата на државата се оправдани и неопходни, вклучително и финансиите за мисијата во Сирија чија цел е заштита од тероризмот.

– Ние го штитиме рускиот народ од заканите на тероризмот бидејќи подобро е да се прави тоа надвор отколку да се бориме со тероризмот во нашата држава, изјави Медведев во интервју за ТВ Росија 24.

Рускиот премиер истакна дека финансиите за армијата се оправдани во моментната ситуација во државата, но и за реформа на оружените сили на Русија.

– Тие буџетски издвојувања се сосема доволни за спроведување на одредени воени мисии како што е руската вона мисија во Сирија, додаде Медведев.

Руското МО соопшти во средата дека почнале со воени удари од воздух врз позиции на Исламска држава во Сирија.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала