(ВИДЕО) Заев: Младите се двигател за иднината, ќе ги вратиме

Од:

Процесот што го отворивме им покажа на граѓаните но и на меѓународната заедница какво зло се инсталирано во нашето општество сиве овие години. Но, исто така, имајќи го предвид искуството од Украина или во арапските земји, се обидовме да дадеме позитивен пример. Без употреба на насилство, го изменаџиравме целиот овој процес на еден мирен начин, преку дијалог, преговори, чекор по чекор.

Ние сме убедени дека на 24-ти април, преку демократски избори, очекуваме после долги години да имаме слободни, фер и регуларни избори, ќе го промениме овој хибриден режим.

Она што е постигнато досега е договорот којшто потврдува имплементација на техничка влада. Како Социјалдемократски сојуз би биле дел во таа влада од 20-ти октомври. Ќе има оставка на премиерот околу Нова Година и избор на нов премиер 100 дена пред изборите. Имаше повеќе оставки досега, од министерот за внатрешни, од министерот за транспорт и врски, како и од шефот на тајната полиција, којшто е прв братучед на актуелниот премиер.

Целиот овој процес ќе продолжи. Тој е помогнат со многу ценета помош од меѓународната заедница. Знаете дека нашите сестрински партии, исто така и партиите коишто вие ги застапувате, ни помогнаа на принципиелно ниво, како земји, како сестрински партии, преку институциите на ЕУ и меѓународните институции. Имавме принципиелна помош во обид, преку дијалог, да ги решиме овие проблеми на нашата земја. Но, исто така, испративме и многу важна порака, никогаш повеќе да не се повтори.

Еден од најголемите слабости во нашето општество е големата миграција на младата популација. Повеќе од 450 илјади граѓани ја напуштиле нашата земја во изминатите 10 години. Повеќе од 70% од нив се млади. Ја напуштиле земјата. А знаете дека младата генерација е генератор на иден економски развој, како во други држави така и во нашата држава.

Ќе ја нормализираме нашата земја, ќе ги вратиме институциите, ќе отвориме квалитетни работни места за да го вратиме овој моќен извор во земјата, младата популација, и заедно да ја градиме иднината на нашето општество .

Би можело да ве интересира

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев