Заев-Баришиќ: Нашата цел не е да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членката на ИО на СДСМ, Сања Лукаревска попладнево се сретна со Данијела Баришиќ, новоименуваната амбасадорка на Хрватска во Македонија.

Тема на состанокот беа чекорите во процесот на потребната разврска на политичката криза во Македонија и искуствата што може да ги искористи Македонија од Хрватска за враќање на демократските процеси во нормален колосек.

-Избрана е специјалната јавна обвинителка која извести дека го формирала нејзиниот тим. Очекуваме ефикасна работа на специјалното јавно обвинителство и на судството за прислушувањето и делата коишто произлегуваат од него, којашто ќе биде и силна порака дека вакво нешто никогаш повеќе не смее да се повтори, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев информираше дека по затворањето на правно-формалните подготовки за квалитетна поставеност на СДСМ во техничката Влада, исклучиво во функција на граѓаните и на фер изборен процес, викендов СДСМ ќе почне со разгледување на можните кадровски решенија.

-Нашата цел не е да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ, туку да бидеме гаранти во подготовките за неопходните фер и демократски избори, рече претседателот Заев.

Хрватската амбасадорка нагласи дека е посебно важно решавањето на поглавјето 23 коешто се однесува на ефикасност и непристрасност на правосудството и на фундаменталните права, на што Брисел, посебно се фокусира кога станува збор за напредокот на земјите кандидатки. Амбасадорката Баришиќ изрази подготвеност за потребната помош на Македонија на тој пат.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар