Пораст на антисемитизмот во Германија

Од:

Германија се соочува со највисоко ниво на антисмитизам во последниве пет години, покажува студијата на Агенцијата за фундаментални права на Европската Унија.

Според најновиот извештај на оваа институција на ЕУ, како што јави дописникот на МИА од Берлин, во Германија годинава има повеќе криминални акти што како причина го имаат односот кон Евреите отколку во која било друга членка на ЕУ.

Годинава се забележани вкупно 1.596 случаи на говор на омраза кон Евреите во Германија, што е највисоко ниво од 2009 година. Лани имало 1.275 сучаи на антисемитизам.

Најголем дел од сторителите се членови или симпатизери на екстремната десница, седуммина се припадници од крајната левица, а 176 од нив биле мотивирани од „странска идеологија“.

Пред две години 31 од нападите биле мотивирани од „увезена идеологија“, што според извештајот се должи на интервенцијата на Израел во Појасот Газа.

Антисемитизмот во која било форма во Германија е кривично дело, поради кое може да се заврши во затвор.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ