Дефиле за почеток на „Оро без граници 2015“

Од:

По дефилето на играорците учесници низ Градскиот парк, на платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк започна традиционалниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници 2015“.

Детски културен центар „Карпош“ го организира најмасовниот меѓународен детски фолклорен фестивал, кој, како што кажа директорката Ружа Ѓоргеска, изобилува со колорит од различните носии на многубројните ансамбли од земјава и од странство.

– На овие фестивали досега учествувале деца фолклористи од целиот свет кој преку танцот ја пренесуваат традицијата и обичаите на своите земји. Граѓаните на Скопје ќе имаат задоволство денеска и утре да уживаат во убавите народни песни, музиката, танцот и раскошните шарени носии кои пред нив ќе ги презентираат децата од Русија, Турција и Србија, како и од домаќинот Македонија, рече Ѓорѓеска.

ДКЦ „Карпош“-Скопје во соработка со Град Скопје и Министерството за култура по дваесетичетврти пат го организира и реализира детскиот фолклорен фестивал „Оро без  граници 2015“, кој ќе трае до утре.

На него годинава ќе учествуваат и домашните ансамбли: КУД „Вапцаров“, КУД „Љиљан“, КУД „Илинден“-Битола, КУД „Орце Николов“ и фолклорната група од ДКЦ.

Фестивалот традиционално го отворија играорците од фолклорната група од ДКЦ, а потоа настапија сите странски и домашни ансамбли.

Денека, исто така, во Градскиот парк во 17 часот ќе се одржи и вториот дел на фестивалот, а утре ќе се реализира пикник во Лешок, Тетово, за сите учесници на фестивалот.

За време на престојот во Скопје играорците организирано ќе го разгледаат Скопје, ќе ги посетат позначајните историски споменици и музеи, како и Зоолошката градина.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух