Турција и нејзините партнери во коалицијата предводена од САД за борба против Исламска држава, денеска ја повикаа Русија да ги прекине нападите против сириската опозиција, и да се фокусира врз борбата против исламистичките бунтовници.
Анкара и нејзините партнери и изразија длабоко разочарување поради воздушните напади на Москва.
Во заедничка изјава, дадена заедно со САД, Велика Британија, Франција, Германија и арапските сојузници од Заливот, Турциja посочи дека дејствијата на Русија претставуваат понатамошна ескалација на конфликтот и само ќе го разгорат екстремизмот.