„Прошетка низ уметноста“ за денот на раѓањето на првиот македонски премиер

Од:

„Прошетка низ уметноста“ е насловот на проектот што денеска го организира Фондацијата Никола Кљусев, со поддршка од Градот Скопје со цел да го одбележи денот на раѓањето на првиот премиер на независна Македонија.

Прошетката ќе започне во Меморијалниот центар, пред Домот на АРМ, со читање на дел од творбите кои ги има напишано Кљусев, по што ќе ја продолжи низ плоштадот Македонија до улицата што го носи неговото име на сквер Јадран и назад по истата патека.

За време на прошетката групата „Серенада“ ќе пее староградски македонски песни. Прошетката ќе заврши повторно пред Фондацијата каде што оперската певица Сарафина Фантаузо ќе отпее дел од ариите „О соле мио“, „Санта Лучија“ …

Во реализација на проектот ќе учествуваат и поети кои ќе говорат за творештвото на Кљусев, како и хуманистот и уметник Живко Поповски – Цветин.

Првиот македонски премиер Никола Кљусев има напишано осум збирки поезија, еден роман, а бил и обожавател на класичната музика, особено операта.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски