Лавров: Слободна сириска армија не е терористичка организација

Од:

Русија не ја смета опозициската Слободна сириска армија за терористичка организација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Слободната сириска армија треба да е дел од политичкиот процес во Сирија, додаде Лавров.

Рускиот министер додаде дека целите на Армијата на Русија во Сирија се групите Исламска држава и Деџбхад ал Нусра.

– Нашите цели во Сирија се истите како и оние на коалицијата, потенцира Лавров.

Тој вели дека меѓу целите на Русија во Сирија се сите групи кои се однесуваат како терористички.

– Русија не се подготвува да изврши напади врз терористи во Ирак. Ние не се подготвуваме да извршиме напади во Ирак бидејќи никој тоа не го побарал тоа од нас. Ние сме учтиви и без покана на гости не одиме, наведе Лавров.

Шефот на руската дипломатија соопшти дека Москва ќе ги снабди Курдите во Ирак со оружје со посредство на ирачката Влада. Тој додаде дека Русија не може да влегува во коалиции која дејствува без мандат на Советот на безбедност на Обединети нации.

Лавров посочи и дека Русија е заинтересирана да ги координира акциите со САД во борбата со ИД.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала