Руското Министерство за надворешни работи ќе ја разгледа секоја молба од ирачката Влада за руски воздушни напади врз Исламска држава на ирачка територија, но досега не добиле таква молба.
– Ако добиеме таква молба од ирачката Влада или ако има резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе оцениме дали е соодветно од политичка и воена гледна точка да се преземат такви напади, изјави началникот на отсекот Нови предизвиви и закани во руското МНР, Илја Рогачов.