По повод дијамантниот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, Британците го променија името на популарната саат кула, Биг Бен.
Некогаш најголемиот часовник во светот, сега само споменик на кула со часовник, дел од архитектурата на Вестминстерскиот дворец во кој се уште се наоѓа британскиот парламент, Биг Бен стои накривен на едната страна и го означува времето.
Пред само неколку месеци се навали уште пола метар, но експертите велат дека таков каков што е, висок 93 метри, тежок 13 тони, Биг Бен ќе постои уште најмалку 10.000 години.
Како и да е старото име останува во историјата, а новото име „Елизабет тауер“ во чест на кралицата и нејзиното 60 годишно владеење започнува да се користи во официјалната комуникација.