Де Мезиер: Германскиот миграциски систем не е приспособен за толкав бран бегалци

Од:

Германскиот миграциски систем не е подготвен за бегалскиот прилив со кој се соочуваме изминатите месеци, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер во обраќање пред Долниот дом на Парламентот, Буденстаг.

Во Парламентот денеска почна разгледувањето на нацрт-законите, кои предвидуваат измени во актуелните германски закони за миграција.

– Во септември во Германија пристигнаа толку голем број бегалци, колку што за еден месец со децении немаме видено, рече министерот.

– Досегашниот систем не беше подготвен за таков прилив, додаде тој.

Де Мезиер нагласи дека политичарите треба да донесат тешки одлуки во врска со приливот на мигранти.

– Оние кои доаѓаат од економски причини ќе мора да се вратат во своите татковини, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ