Во Скопје вчера 12 сообраќајки, со седум повредени, пајакот отстранил 122 возила

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда, во 12 часот и 10 минути на крстосниците од улиците „Ќемал Сејфула“ и „Крсте Јасенов“ во која со тешка телесна повреда се здобил еден пешак.

Вчера од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 79 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 77 пешаци сториле прекршоци по различни основи, осум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 14 лица го управувале возилото без возачка дозвола, како и 11 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 122 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кое се наоѓа на територијата на општина Аеродром со учениците од четврто одделение.

Би можело да ве интересира

Истражителите истражуваат смрт на двајца мажи на различни локации во Скопје

Горан Наумовски

Двајца возачи загинаа во сообраќајка на магистралниот пат Ресен – Битола

Горан Наумовски

Српски државјанин загина во сообраќајна несреќа во близина на Фоча

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа во Грција: Три лица изгореа откако се судрија автомобили и камион

Горан Наумовски

85-годишен возач е тешко повреден во сообраќајка, удрил во паркирано возило

Сообраќајка на автопатот Велес-Градско, повредени се двајца државјани на Босна и Херцеговина