По 70 години извршена прва смртна казна врз жена во Џорџија

Од:

Американката Кели Гисенданер (47), која беше осудена на смрт за планирање, потикнување и спроведување убиство на својот сопруг, е егзекутирана денеска во завор во американската сојузна држава Џорџија, со вбризгување на смртносна инјекција.

Гисенданер е првата жена во некоја од јужните сојузни држави во САД, врз која е извршена смртната казна по 70 години.

Егзекуцијата е спроведена и покрај бројните апели и повици за одлагање на извршувањето на казната и за нејзиното преиначување. Меѓу оние кои апелираа за одлагање на егзекуцијата, беше и папата Франциско за време на неговата неодамнешна посета на САД.

Адвокатите на осудената, во последен момент поднесоа три жалби до Врховниот суд, барајќи одлагање на еегзекуцијата, но сите жалби беа отфрлени.

Кели Гисенданер планирала, но не го извршила убиството на својот сопруг во 1997 година. Нејзиниот тогашен љубовник, кој го убил сопругот, беше осуден на доживотен затвор, како резултат на спогодба на Обвинителството и неговите адвокати.

Локалните медиуми во Џорџија пишуваат дека непосредно пред да и биде дадена смртоносната инјекција, Гисенданер пеела.

Преку еден локален весник таа претходно јавно им порача на најблиските на убиениот сопруг, дека жали што еден „прекрасен човек“ умрел само поради неа.

Смртната казна се уште е во сила во 31 сојузна американска држава. Во 19 други, таа е укината или не се извршува.

Во периодот од 1976 година најмногу смртни казни, дури 528, се изврешни во Тексас, а по оваа сојузна држава, следуваат Оклахома со 112 и Вирџинија со 110 егзекуции.

Вкупно 3.002 осуденици на смрт во САД чекаат на извршување на казната. Најмногу ги има во Калифорнија – 746, каде од 1976 година, па досега, се егзекутирани само 13 осуденици.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак