Асад барал од Путин руска воена поддршка на Сирија

Од:

Зголемувањето на руската воена поддршка за Сирија е по барање на режимот во Дамаск. Сирискиот претседател Башар ал Асад упати писмено барање до рускиот претседател Владимир Путин, објави сириското претседателство.

– Секое зголемување на руската воена поддршка за Сирија е направно и ќе биде направено само на барање на сириската држава, се наведува во соопштението.

Претходно денеска шефот на администрацијата на Кремљ Сергеј Иванов соопшти дека сирискиот претседател Башар ал Асад се обратил до Русија со барање за укажување на воена помош во борбата против терористите од ИД.

Москва одговори позитивно на барањето, откако утринава Советот на федерацијата, горниот дом на рускиот Парламент, едногласно донесе одлука руските вооружени сили да учествуваат во операции во Сирија.

Би можело да ве интересира

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот