Изложба на Александар Попов Сашко посветена на Лазар Личеноски

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на академскиот сликар Александар Попов Сашко од Велес по повод шест децении од неговото творештво. Авторот му ја посвети изложбата на својот професор Лазар Личеноски по повод 50 години од неговта смрт.

На изложбата беа претставени 50 слики во техника масло на платно и цртежи создадени на неговите бројни студиски патувања во светот.

– Мојот професор Личеноски постојано не советуваше „ученици, ако некаде патувате, задолжително носете си прибор за цртање и сликање и да сликате“. Неговиот совет го прифатив. Кога патував, сликав. Благодарение на неговиот совет, јас ги имам овие цртежи и слики, рече Попов.

Промоторот Драган Миладиновски, директор на Институтот за култура при Славјанскиот универзитет, истакна дека да се создава уметнички дела цели 60 години само по себе значи да се биде фокусиран целиот тој период на истражување.

– Тоа значи да се биде фокусиран на возбудата која го следи се четката натопена во боја за да го наслика и визуелизира својот свет. Како потврда или спротивставеност, како искуство или нова радозналост, како игра или борба, како вклучена телевизија, како што тој сите овие поими ги разбира и доживува, истакна Миладиновски.

Александар Попов Сашко средно уметничко училиште завршил во Скопје во 1954 година, а во Белград во 1959 година дипломирал на Академијата за применета уметност во класата на Васа Помаришац.

Попов има остварено над 25 самостојни изложби во земјава и странство и има учествувано на повеќе групни изложби. За своето богато творештво има добиено и голем број домашни и меѓународни награди и признанија.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски