Кери: Русија може да стане цел на ИД

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Русија може да стане цел на борците од групата Исламска држава.

– Доколку не пронајдеме начин да ги обединиме силите за борба против ИД, а и Русија самата се бори против неа, претпоставете што ќе се случи? Русија ќе стане цел. Русија ќе ги види терористите со минофрлачи, ќе види како паѓаат авиони од небото. И како и Асад и таа ќе се претвори во магнет за џихадистите, смета Кери.

– Треба да се обединиме против екстремистите. И Асад треба да си замине од власт. Сето тоа зависи од еден човек и Русија и Иран не треба да го успоруваат процесот, кој е поврзан со еден човек, нагласи Кери.

На прашањето дали е можен сојуз меѓу Русија и САД против ИД, Кери одговори дека се отворени сите можности.

– Се е на маса. Доколку се разбереме со Асад и транзицијата на Сирија тогаш тоа ќе биде можно, рече Кери.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак