Фирма од струшко Боровец незаконски експлоатирала минерални суровини

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против фирмата „Бокоп“ и овластеното лице Н.И. (49) од струшкото село Боровец.
СВР Охрид соопшти дека за „фалсификување службена исправа“ во пријавата е опфатено и лицето Ѓ.Д. (61) од Охрид вработен во ГД „Гранит“ АД – Скопје.

– На локалитетот „Црвена Вода“ во општина Дебарца, со работни машини сопственост на „Бокоп“ на 18 август извршена е незаконска експлоатација на минерални суровини, односно бесправен ископ на чакал. Експлоатацијата на минералните суровини определена со закон, „Бокоп“ го извршил без концесија, односно дозвола за таа дејност, по што чакалот го транспортирал до селото Црвена Вода каде изведувал градежни работи за реконструкција на одводен канал до водната комора на ХЕЦ „Песочани“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, биле пренесени околу 50 метри кубни чакал со што правниот субјект се стекнал со противправна имотна корист од 30.000 денари предизвикувајќи штета на Република Македонија.

Третопријавениот Ѓ.Д. во својство на службено лице административен извршител, вработен во ГД„Гранит“, како што појасни Димоски, ден претходно со внесување лажни податоци изготвил согласност – акт со невистинита содржина, кој архивиски не го евидентирал во евиденциите на ГД „Гранит“ АД Скопје.

– Потоа направил фотокопија од актот и свесно, со умисла, им го остапил на сопствениците на „Бокоп“ ДОО-Боровец, кои како вистинска ја презентирале до СВР Охрид, а оригиналот го уништиле, прикриле, оштетиле или на друг начин го направиле неупотреблив, истакна Димоски.

Би можело да ве интересира

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски