Поради се поголемите грижи за последиците од користење на солариум, Јужна Австралија најверојатно ќе ја забрани нивната употреба до 2014-та година. Таква одлука веќе е донесена во Нов Jужен Велс.
Владата на Нов Јужен Велс пртстави нов закон во февруари, пет години по смртта на Клер Оливер, 26-годишна жртва на меланом, која своите последни денови од животот ги помина во кампањи против солариумот.
Австралија има најголем број на заболени од меланом во светот, а од таа болест во истата земја умираат 400 луѓе секоја година.
Меѓународната агенција за истражување на ракот го оценила солариумот со оцена 1, што значи дека се третитра подеднакво опасно како и пушењето.
„Постојат силни докази дека употребата на солариумот го зголемува ризикот на корисниците за појавување на меланом“, рече министерот за здравје во Јужна Австралија, Џон Хил.
Тој вели дека истражувањето објавено во Британското медицинско списание открило дека луѓето кои користат солариум, ризикот да добијат меланом е за 20% поголем.
Законите веќе забрануваат на жителите на оваа држава под 18 години да го користат солариумот.
Забраната за користење на солариум би требало да стапи на сила на 31. декември 2014-та.