Најмалку две лица загинаа, а 300 се повредени на Тајван од последици предизвикани при минувањето на „супертајфунот“ Дујуан, кој утрово го погоди источниот брег на Кина.
Бурата беснеела во текот на ноќта во северниот дел на Тајван, каде околу половина милион луѓе останале без електрична енергија.
Тајфунот утрово ја погоди кинеската територија во покраината Путаин.
Од силниот ветер биле искорнати стебла, а поројните дождови предизвикале лизгање на земјиштето. Повеќе од 12.000 лица се евакуирани, а речиси 3.000 се уште бараат засолниште.
Метеоролошките служби во регионот го вбројуваат Дујуан во категоријата „супер тајфун“.
Минатиот месец од тајфунот Суделор загинаа најмалку осум лица на Тајван и 21 во Кина.