А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Со запалени светла ќе се вози само при намалена видливост и ноќе

by А1он28/09/2015 - 20:1328/09/2015 - 23:39178
Share0

Собранието на Република Македонија попладнево го донесе Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој треба да се надминат досегашните недоследности и проблеми кои се појавуваа во пракса и поефикасно функционирање во областа на безбедност на сообраќајот, како и усогласување со европската регулатива во оваа област.

Следете a1on на Instagram Instagram

Со Законот, меѓу другото е предвидено задолжителна употреба на запалени светла за време на управување со возило само во периодот од првиот самрак до потполно разденување, како и дење во случај на намалена видливост. Кај мотоциклите, пак, задолжителна е употребата на светла дење и ноќе, а се предвидува и соодветно светлосно обележување и на велосипедистите заради нивна поголема безбедност во сообраќајот.

Законот нуди и концептуално нови решенија во делот на оспособување на кандидатите за возачи, возачи, автошколи и испитни центри и возачки дозволи, односно проверка на стручноста на возачите-инструктори. Со предложеното законско решение се надминува досегашниот начин на спроведување на возачкиот испит и зголемување на степенот на квалитет на обуката на кандидатите за возачи односно возачите-инструктори.

Лилјана Поповска од ДОМ рече дека нема да го поддржи Законот и дека треба да се повлече и да се направи нов закон за кој претходно ќе се одржат серија јавни расправи.

Следете a1on на Youtube YouTube

Таа посочи две работи кои се битни, а во законското решение ги нема, а се однесуваат на заштитата на велосипедистите и на можноста за возење на премногу млади лица.

– Никакви кациги и елеци нема да ги спасат велосипедистите ако нема патеки за велосипедисти – рече Поповска и додаде дека секој ден има по некој инциденти со велосипедисти, а тоа е така затоа што нема велосипедски патеки.

Собранието во рамки на 67-та седница го донесе и Законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење. За Законот гласаа 60 пратеници, против немаше, а 25 беа воздржани. Со 10 гласа „за“ Законот беше поддржан и од пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Според пратениците од опозицијата, кои беа воздржани во гласањето, преголем е опфатот кој треба да биде третиран со предложениот Закон, а со него ништо нема да се подобри, туку ќе се искомплицираат процедурите за заштита на Старото градско јадро.

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Предраг Петровиќ10/06/2026 - 17:43

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 15:25

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Горан Наумовски12/08/2025 - 08:10

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Горан Наумовски21/07/2025 - 13:17

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто