Обама: Сирија не може да се врати на предвоениот статус кво

Од:

Напорите за уништување на џихадистичката група Исламска држава (ИД), не смеаат да доведат до зајакнување на позиците на „тиранинот Башар ел Асад“ во Сирија, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама.

– Мораме да признаеме дека по толку злосторства и толку крвопролевање (во Сирија) не може да се врати предвоениот стаус кво, нагласи Обама во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

Како што јави ДПА, Обама истакна дека случувањата во Сирија претставуваат тест за системот на меѓународното право кое го штитат ОН, поздравувајќи ги при тоа дипломатските напори на Светската органзација за решавање на сириската криза.

Обама во обраќањето се осврна и на случувањата во Украина, нагалсувајќи дека меѓународната заедница не може да стои на страна во услови на руско нарушување на украинскиот суверенитет.

– Ја прифаќаме длабоката и комплексна историја меѓу Русија и Украина, но не можеме да стоиме на страна во услови на флангартно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на една држава, изјави Обама.

Ваквата осуда на Обама на, како што рече „руската агресија“ на Украина, доаѓа само неколу часа пред неговата средба со претседателот на Русија, Владимир Путин на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН.
Американскиот преседател во обраќањето нагласи и дека САД „не копнеат за враќање на Стидената војна“, туку сакаат решавање на кризата по дипломатски пат.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак