Одењето и играњето се важни фактори за развој на детето, но сепак многу родители тоа често го забораваат.
Движењето е основно за развојот, затоа што со едноставна аналогија може да се види дека живите суштества, кои не се движат (растенијата) немаат нервни клетки, а живите суштества, кои се движат имаат. Најсложен нервен систем има човекот и тој е суштество наменето за движење, па може да се заклучи дека ние сме живи суштества наменети за движење и јасно е дека човекот во голема мера бил формиран од исправениот од.
Сериозен проблем е се почестата појава родителите своите деца да ги движат во колички до втората година, понекогаш дури и до трета или четврта. Доколку знаеме дека мозокот интензивно се развива во првите години од животот и оти ние сме живи суштества наменети за одење, јасно е дека детето мора да оди.
Овој проблем се гледа индиректно, затоа што има се повеќе деца со рамни стапала. Според некои истражувања повеќе од 50 отсто од децата го имаат овој проблем. Пред 20 години имало околу 15 отсто случаи на рамни стапала.