Москва: Во октомври состанок на шестчлената Контакт-група за Сирија

Од:

Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов денеска најави дека во октомври по Генералното собрание на ОН би можело да биде одржан состанок на шестчлената Контакт група за Сирија, со учество на Русија, САД, Иран, Саудиска Арабија, Турција и Египет.

Богданов не ја исклучи можноста во работата на групата да се приклучат и некои други земји.

– Ние сме за тоа да се случи што е можно побрзо. Нивото се уште не е одредено. Сметам дека тоа ќе биде работа на повеќе нивоа, експерти, заменици министри и министри, ако е потребно, истакна Богданов.

Според него во Женева треба да бидат формирани четири меѓусириски групи, а средбата на Контакт-групата со највлијателните надворешни фактори може да биде преместен за октомври, по средбата на ГС на ОН.

Богданов нагласи дека на конференцијата ќе учествуваат претставници на САД и Иран.

– Ние зборувавме за учесниците Русија, САД, Иран, Саудиска Арабија, Турција, Египет, а можно е да се покани уште некој. Природно, многу е важна соработката со ОН, со специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура, истакна Богданов.

Рускиот заменик министер за надворешни работи изјави, дека новиот круг меѓусириски разговори Москва-3, би можел да биде одржан до крајот на годината, но дека засега нема прецизиран рок.

– Ние тоа не го правиме за нас, туку за Сиријците. Ако тие имаат желба да комуницираат во Москва, секогаш ќе им овозможиме терен за такви средби, изјави Богданов.

Би можело да ве интересира

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина