(ВИДЕО) Наташа Габер-Дамјановска против Законот за абортус: Неуставен е и треба да се смени

Од:

Судијката во Уставниот суд, Наташа Габер-Дамјановска, вели дека треба да се направи комплетна ревизија на Законот за спречување на бременоста затоа што е во спрега со Уставот во одредбите кои го ограничуваат правото на жената за личен избор, заштита на нејзината приватност и нејзиното право да планира семејство како индивидуална желба.

Габер-Дамјановска имаше издвоено мислење кога се донесе одлуката на Уставен да се отфрли иницијативата на граѓани и граѓански организации за оспорување на уставноста на Законот. Денеска судијката повторно го образложи својот став на нациналната конференција организирана од ХЕРА, а по повод одбележување на Глобалниот ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус.

-Четири одредби на Уставот се во противречност со генералниот дух на законот и начинот на кој го регулира прекинот на бременоста. Имаме сплет на одредби кои личат дека се неутрални, но в суштина нивната комбинација претставува суптилно ограничување на правото за прекин на бременоста. Сите оние процедури кои бремената жена мора да ги помине, во некои случаи директно, а во некои индиректно го лимитираат нејзиното право – вели судијката.

И покрај тоа што законот декларативно вели дека жената има лично право на определба, додава таа, сепак одребите го лимитираат тоа.

-Верувам дека треба да се направи комплетна ревизија на овој закон за да добиеме поквалитетен текст. Секоја дополнителна административна потешкотија претставува оптоварување на жената, која и онака се наоѓа во одреден психолошка здравствена состојба.

Државата треба да биде непристрасна и да и овозможи безбеден и легален пристап за прекин на бременоста ако тоа го сака. Верувам дека таа цел не е соодветно одговорена во овој законски текст – посочува судијката.

Би можело да ве интересира

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

Индонезија: Полицијата ќе биде единствената која ќе го одобри правото на абортус за жртвите на силување

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови