Германскиот претседател предупреди дека можностите на Германија за прием на бегалци имаат граница

Од:

Германскиот претседател Јоахим Гаук предупреди дека можностите на Германија за прием на бегалци имаат граница, во време кога земјата се подготвува да прими околу 800.000 бегалци.

Германскиот претседател во голема мера има церемонијална функција, но е силен морален авторитет во германското општество. Неговата синиќешна изјава додава масло во огнот на дебатата за тоа колку доселеници може да прими германското општетсво.

– Сакаме да помогнеме. Имаме големо срце. Но, има граница на тоа колку можеме да направиме, изјави Гаук, додавајќи дека можностите за прием на луѓе на Германија се ограничени, иако се уште не се знае каде точно е таа граница.

Тонот на Гаук делува повнимателен во однос на канцеларката Ангела Меркел, која изјави дека Германија може да се справи со рекордниот број бегалци.

Најмалку 14 лица беа повредени во судири меѓу групи бегалци во мигрантскиот центар во германскиот град Калден, соопшти полицијата. Бегалците се сместени во шатори на просторот на поранешен аеродром.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ