Обама изрази увереност за целосно искоренување на екстремната сиромаштија во светот

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изрази увереност дека е можно целосно искоренување на екстремната сиромаштија во светот, пренесува ДПА.

Ние можеме да ја спречиме бедата, луѓето и земјите може да постигнат просперитет, истакна Обама во обраќањето на затворањето на Самитот за одржлив развој во седиштето на ОН.

– Денеска го потврдувам ангажманот на САД за постигнување на целите за одржлив развој, вклучително искоренување на екстремната сиромаштија во светот, истакна американскиот претседател.

Според Обама многу од сегашните кризи можеле да бидат избегнати, ако земјите инвестирале во своите граѓани и ако богатите држави биле подобри партнери. Претседателот на САД повика за подобро управување, зголемување на правата на жените, пристап до образование и спречување на социјалната нееднаквост во светот.

Обама се заложи, дека ќе се бори за решавање на социо-економските проблеми во разни области, вклучително здравството и образованието до крајот на својот мандат и долго откако ќе престане да биде претседател.

Од седиштето на ОН американскиот претседател повика за постигнување на силен договор за климата на конференцијата во Париз во декември годинава. Обама нагласи дека климатските промени се закана за развојот. – Сите земји ќе бидат засегнати од климатските промени, но најпогодени ќе бидат најсиромашните држави, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак