Целовечерен мултимедијален проект „Ретроспектива“

Од:

По повод 40-годишното творештво синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше поставена изложбата „Ретроспектива“’ од уметниците, брачната двојка,  Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски.

Љубителите на уметноста синоќа имаа можност да уживаат во ликовно-музички и визуелен целовечерен перформанс низ целиот простор на Центарот за култура: во ликовниот салон, фоајето, големата сала, галеријата. Презентирани беа инсталации (скулптури), фотографии и видео запис.

Проектот е на Музејот за современа уметност од Скопје, а според авторот, кустосот Марика Бочварова Плавевска самото творештво на Блажеска и Грабулоски е предизвик за ваков вид мултимедијален проект.

– Нивното творештво е склоп на неоконцептуалистички настани и перформански кои се доживуваат како и изложбата. Ме предизвикаа да ја направам изложбата токму во автентичен амбиент. Поттикнато е од нивното долгогодишно дејствување во амбиентот на рудникот за мермер каде работеа со мермерот во 80-ите и делумново 90-ите одини од минатиот век. Го комбинираа мермерот со дрво или метал или, пак, во просторот наоѓаа материјали за комбинација. Моментот на дематеријализација, поточно илузионистички замислените скулптурални елементи, проследено често со обработен звук ја дефинираше идејата за прифаќање на нивните повеќеслојни осмислени дела, поради можностите што максимално ги искористија во нивните зафати во различните амбиенти.  Тоа беше нивен авангарден пристап и ја претставуваат неоавангардата во нашата уметност со проекти актуелни на ју-просторите, а посебно автентични за македонската ликовна уметност. Нивните перформанси беа претставени и на биеналето во Сао Паоло, Бразил и на биеналето во Санкт Петерсбург во средината на 90-ите години, изјави кустосот Бочварова Плавевска.

За уметникот Виолета Блажевска ова е нивниот посебен однос и  доказ пред младите дека и кај нас има поинаков пристап на уметноста.

– мИ во Македонија во текот на 80-ите и 90-ите години ги имаше најсовремените текови на уметноста, иако се уште импресионизмот беше како главна уметност. Докажувавме и докажавме дека и звукот е ликовен, а не само музички елемент, рече Блажеска.

Виолета Блажеска е родена во Охрид во 1952 година. Академија за ликовни уметnости завршила во Приштина во 1980 година.

Богдан Грабулоски роден е во Прилеп 1948 година. Академија за ликовни уметности завршил во Приштина во 1980 година, а постдипломски студии на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1990 година. Работеше долги години како кустос во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Проектот „Ретроспектива“, финансиран од Министерството за култура ќе биде претставен и Музејот на ликовната уметност во Скопје.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска