ЖРК Вардар подобар од Данска во првиот, вечерва уште еден дуел

Од:

Македонскиот женски ракометен шампион „Вардар“ ја победи репрезентацијата на Данска во првиот пријателски натпревар во „Јане Сандански” со 34:30.

Вардарки го контролираа речиси цел натпревар и освен почетните минути кои им припаднаа на гостинките кога поведоа со 2:0, „црвено-црните“ беа во позитива. Веќе во 10. минута Вардар поведе со 7:4, а во 15. минута беше 10:6. Голманот Амандин Лејно беше во одлична форма, запре два противнички пенала и оствари вкупно девет одбрани, а тоа им овозможи на нејзините колешки да дојдат и до шест гола разлика, за на полувреме да се замине со 18:13.

Во вториот дел тренерскиот тандем на македонскиот шампион, Индира Кастратовиќ и Јан Питлик сменија неколку играчи, Ина Суслина застана на голот, но ништо од тоа не влијаеше на резултатот. По 10 минути Вардар водеше со 22:18, а во 44. минута повторно ја имаше највисоката  позитива (25:19).

Следуваа неколку грешки во играта, кои ѝ дозволија на Данска со серија од 4:0 да фати резултатски приклучок, но не и да направи целосен пресврт.

Вториот контролен меч се игра вечер од 19 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. Влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска