Македонија во јули годинава потрошила 602.078 мегават-часови електрична енергија, 2.336 милиони нормални метри кубни природен гас, 430.246 тони јаглен и 87.434 тони нафтени продукти.
Според Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 64,03 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.