Унгарија ќе заврши за неколку дена со изградбата на оградата по границата со Хрватска од чија територија во државата влегуваат бегалци од блискоисточни држави, јави Хрватското радио.
На границата се подигнати столбови и бодликава жица чија висина е 1,5 метри. Според радиото, работата во која се вклучени војници и полицајци ќе биде завршена во почетокот на идната недела.
Унгарија почна да подигнува ограда по 41-километар копнена граница со Хрватска. Бидумпешта поддржува тврд став кон мигрантите и веќе изгради ограда од бодликава жица по 175-километарската граница со Србија со што беше пренасочен мигранскиот бран кон Хрватска.