Заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан изрази сериозна загриженост од фактот дека властите во Лугањск во источна Украина побарале од агенциите на ОН да го напуштат итно градот.
– Загрижен сум од таа информација дека фактички властите во источна Украина наредиле агенциите на ОН во Лугањск да прекинат со активностите и да го напуштат регионот до 25 септември, наведува тој.
– Исклучително сум загрижен и од ситуацијата поврзана со акредитацијата и регистрирањето меѓународни невладини организации во Доњецк, потенцира О’Брајан.