Епископот Иринеј го критикуваше епископот Лаврентиј поради изјавите дека СПЦ треба да и даде автокефалност на непризнаената Македонска православна црква.
„Принуден сум да му се обратам повторно и тоа јавно, поттикнат од неговото крајно непромислена, несериозна и црковно-канонски неприфатлива изјава, дека нашата Црква треба да и даде независност или автокефалност на така-наречената Македонска црква“, наведе епископот Иринеј, кој е и портпарол на СПЦ.
Епископот Иринеј наведува дека е длабоко уверед дека освен епископот Лаврентиј никој не би предложил такво нешто и се надева дека во меѓувреме и тој ќе се предомисли.