Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Курбан Бајрам

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници од муслиманска вероисповест во Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност, им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

– Ова е празник кога се зацврстуваат и се истакнуваат традиционалнте вредности на хуманост, толеранција, заедништво, како и човечките и меѓукултурните односи кај луѓето. Ова е празник кој цврсто не обединува во заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи, меѓусебно почитување на верските разлики и ни дава поттик заеднички да продолжиме да градиме поцврсти врски на меѓусебно разбирање и да создаваме вредности и дела за просперитет и развој на нашата држава, се вели во честитката.

Во духот на овие вредности, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници од муслиманската вероисповест им го честита големиот празник Курбан Бајрам и им посакува празничните мигови да ги поминат во радост, спокој и хармонија во кругот на своите семејства.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ