А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Фатен гостиварец баран со потерница, кој крадел низ Струга

by А1он24/09/2015 - 11:43103
Share0

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“ и едно дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (21) од Гостивар, лице кое се барало со потерница за издржување казна затвор.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пријавениот, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, казнените дела ги сторил во текот на август и септември оваа година во Струга.

–  Со употреба на погоден алат и прибор, насилно отворал прозори од куќи и деловни објекти низ Струга. На тој начин, но и со кршење на стаклата од влезните врати, успеал да влезе во внатрешноста на една куќа, аптека и магацин за играчки од каде одзел пари, златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети, изјави Димоски.

Џ.И. извршил и две кражби на плажа во Струга и една во кафе бар во центарот на градот.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Успеал незабележано да одземе паричници, стекнувајќи се со значителна против-правна имотна корист. Оперирајќи низ Струга, Џ.И. на паркинг забележал моторно возило кое не било заклучено, а клучевите биле оставени во внатрешноста на автомобилот, влегол во возилото, го стартовал и го користел за свои потреби, појасни Димоски.

Пријавениот Џ.И. е спроведен во казнено поправната установа Затвор Охрид.

mvr

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он28/07/2026 - 15:55

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он13/07/2026 - 14:4813/07/2026 - 14:46

Син уби татко во Скопје

А1он13/07/2026 - 10:5813/07/2026 - 10:47

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски09/07/2026 - 10:1009/07/2026 - 10:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео