Главниот извршен директор на „Јаху“ Скот Томпсон поднесе оставка синоќа, соопшти американскиот Интернет гигант.
За вршител на должноста беше назначен Рос Левинсон. Фред Аморозо е новиот претседател на управниот совет на Интернет компанијата.
Скот Томпсон беше подложен на притисок повеќе од една седмица, откако беше утврдено дека во неговата биографија има неточна информација. Еден од акционерите откри дека Томпсон нема диплома по високо образование по информатички технологии, како што напишал во неговата биографија.
Рос Левинсон досега беше директор на одделот на Јаху за светски медиуми. Фред Аморозо пак водеше внатрешна истрага на компанијата за неточните податоци во биографијата на Скот Томпсон.
Промената во раководството на „Јаху“ била извршена по настојување на хеџ фондот, кој поседува дел од шест проценти од Интернет гигантот.