Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на јавната дебата за ДУП „Дебар Маало“, организирана, од Центарот на заедницата на општина Центар, „Плоштад Слобода“ и општината, рече дека невладиниот сектор не може да најде подобар партнер од општина Центар, ниту пак општина Центар од невладиниот сектор. Целта е заедничка.
Овој ДУП за Дебар Маало, вели тој, ги покажува намерите на централната власт и на што се’ се спремни за Дебар Маало.
Жерновски жали што режисерот Милчо Манчевски, чие писмо беше прочитано на јавната дебата, не е присутен, бидејќи сака да му одговори дека не е точна констатацијата дека општината работи за централната власт.
„Само јас знам низ какви притисоци минувам низ овие две години. На седница на совет вчера донесовме забрана за градање на одредена локација, за 4 месеци, се’ со цел да не се изгради катна гаража, бидејќи граѓаните го бараа тоа. За ова, досега имам 2 казни од 7.500 до 15.000 евра, казни кои ги платив лично јас“, вели Жерновски.
Градоначалникот на општина Центар посочи дека ни два месеци јавна анкета не биле доволни за информирање на граѓаните.
„Ние немаме намера да носиме ноќе ДУП-ови, како претходниците. Општината никогаш не била по-отворена за граѓаните, но власта прогласи делови од Дебар Маало за посебен интерес и тоа станбени и хотелски комплекси. Вие знаете дека на општината и’ се одземени ингеренциите за фасадите. За нив сега одлучува Град Скопје, со цел да се постават барокни фасади“, рече Жерновски.
Градоначалникот на граѓаните им вети дека ниту дека невладиниот сектор не може да најде подобар партнер од општина Центар, ниту пак општина Центар од невладиниот сектор. Овој ДУП за Дебар Маало, вели тој, ги покажува намерите на централната власт и на што се’ се спремни за Дебар Маало..
„На спорниот објект кај ПУИГ општината ќе стави само зеленило. Тоа ќе биде и кај Министерството за култура и кај Катната гаража. Ве молам за заедничка битка. Ако се собереме сите, тврдам дека багер нема да смее да дојде. Мора да бидеме сите заедно, бидејќи Дебар Маало е ‘најсилувано’ маало. Ова ќе биде поттик и за идните градоначалници и идната централна власт. Ќе мора да знаат дека гласот на граѓаните мора да се почитува“, вели Жерновски.