Оставка на првиот човек на Фолксваген, и Германија започна истрага

Од:

По низата истраги против една од најголемите светски автомобилски индустрии денеска оставка поднесе извршниот директор на Фолксваген, Мартин Винтерком. Во оставката се вели дека тој целосно ја прифаќа одговорноста за скандалот од кој е шокиран и од управниот одбор бара да биде разрешен од фуннкцијата.

Според Винтерком единствен начин да се врати довербата од потрошувачите е да се инсистира на разјаснување и транспарентност а притоа компанијата да има нов почеток како на персонално така и на стратешко ниво.

Германскиот гигант Фолксваген АГ се соочува со судски процес откако јавното обвинителство започна истрага за шемата во која производителто на автомобили давал лажни информации за нивото на загаденост што го постигнуваат нивните модели.

Истражителите во градот Брауншвајг отвориле предистражна постапка која што беше иницирана од неколку граѓани кои што бараат да се казнат одговорните во Фолсваген.

„Истражните органи разгледуваат состојба на можен криминал и измама“ се вели во изјавата на обвинителстовот во Брауншвајг кое што е одговорно за фабриката на Фолксваген во Волфсбург.

Според информациите кои што најпрвин беа објавени од американските валсти Фолксваген се товари за користење на софтвер кој лажно го прикажувал нивото на загадување од моторите на компанијата. Истрага против Фолксваген се води и во САД а според независни проценки вкупно на 11 милиони возила на германскиот гигант бил вграден неисправен еко – софтвер. Покрај САД и Германија и Италија е една од земјите каде што може да дојде до судски процес.

Претставници на компанијата веќе признаа дека за време на тестирањето на дизел мотори биле правени обиди да се намали емисијата на штетни гасови. Скандалот веќе предизвика пад на вредноста на акциите на компанијата за речиси една третина.

Но Фолксваген најверојатно не е единствената светска компанија која што ги лажирала податоците за нивото на загадување. Засега нема информации за сличен случај актуелен во мометов но слични проблеми со дизел мотори имало и во 1998 година кога компаниите Катерпилар и Камингс морале да платат речиси една милијарда долари за да избегнат судски процеси поради загадувањњето кое што го предизвикувале од дизел моторите во нивните машини во тешката индустрија.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ