Европската комисија ќе предложи до крајот на годината да биде создадена Европска гранична полиција, изјави на прес-конференција еврокомесарот за внатрешни работи, миграција и граѓани Дмитрис Аврамопулос.
За да биде Шенген силен, исклучително е важно зајакнување на надворешните граници, појасни тој. Шенген не е проблем. Ако ја примениме содржината на договорот, Шенген е одговор на актуелната криза, рече еврокомесарот.
Според системот на квоти, предложен од ЕК за раселување на мигрантите, тие ќе имаат право на престој единствено во државата, која им дала заштита, и нема да можат да патуваат во ЕУ.
– Кризата е огромна и бара целосна финансиска мобилизација, секое евро, што можеме да го пренасочиме од буџетот на ЕУ, ќе биде искористено, изјави потпретседателот на ЕК Кристалина Георгиева.