Еквадор загрижен за здравјето на Асанж

Од:

Еквадор е загрижен за здравствената состојба на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж и ги замоли властите во Велика Британија да му гарантираат безбедно префрлање од еквадорската амбасада во болница, изјави денеска во Москва еквадорскиот заменик министер за надворешни работи Марко Албуха Мартинес.

Асанж е многу ослабнат и не сме многу загрижени за неговото здравје. Ако тој се разболе, ние ќе треба да избираме меѓу две алтернативи: да го лекуваме во амбасадата или да го однесеме во болница, истакна Мартинес, додавајќи дека ова е сериозна ситуација која може да ги наружи човековите права на Асанж.

Од 19 јуни австралискиот активист се наоѓа во еквадорската амбасада во лондон, каде побара азил откако беа искористени сите законски начини да избегне екстрадиција во Шведска, каде е обвинет за сексуално злоставување. Ако ја напушти амбасадата тој ќе биде уапсен од британската полиција и испратен во Шведска.

Еквадор го замоли Форин Офисот да обезбеди документ со кој ќе му се дозволи на Асанж да биде хоспитализиран, доколку тоа е потребно, а потоа да се врати во амбасадата без да биде уапсен, нагласи Мартинес.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори