Без епилог маратонската седница на училишниот одбор на „11 Октомври“

Од:

До 1 часот по полноќ, членовите на училишниот одбор на ОУ „11 Октомври“ се расправале за состојбите во ова училиште.

Средбата е закажана по шест дена од труењето на децата и откако градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски упати барање до одборот да расправа за катастрофалната состојба во училиштето и училишниот одбор да ги преземе сите неопходни мерки за да ја разреши ситуацијата, меѓу кои да биде разрешена и директорката Даниела Костадинова.

Родителите се револтирани од хигиената во училиштето и прашале како можела да исчезна па да се појави излезната книга за фактури на училиштето.

Седницата е прекината без епилог иако дел од родителите инсистираат на конечно решение.

Жерновски вчера со заклучок од советот на општина Центар е задолжен да ја утврди одговорноста на директорката и да ги преземе неопходните чекори.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски