ОНЕ избран за дигитален оператор

Од:

Телекомуникациската компанија ОНЕ е избрана за дигитален оператор што од јуни следната година треба да ги префрли сите национални и локални телевизиски станици на дигитална платформа.

Директорот на АЕК, Роберт Ордановски, кажа дека ја потпишал одлуката за избор на ОНЕ за дигитален оператор и дека компанијата има рок од десет дена да ја уплати понудената цена од 300.001 евро.

За да добијат дигитален сигнал преку операторот националните телевизии ќе треба да плаќаат по 150.000 евра годишно, а регионалните станици што треба да се формираат од сегашните локални, ќе плаќаат по 20.000 евра.

На тендерот за воведување технологија од четтвртата генерација на мобилни технологии-4G не конкурираше никој од мобилните оператори.

АЕК, според Орданоски, не отстапува и од планот за воведување 4G, што на граѓаните треба да им овозможи да го користат најбрзиот интернет-пристап што го нуди сегашниот развој на мобилните технологии. Тендерот, најави, ќе биде повторен наскоро, а во меѓувреме ќе се направи анализа и ќе има разговори со претставници на компаниите за износот на надоместот што треба да се уплати, а кој на изминатите два тендера беше 15 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Мајката и вујкото на убиениот навивач на АЕК им се заблагодарија на играчите што го исфрлија Динамо

(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК