Четворица македонски уметници учествуваат во проектот „Наопаку-не толку бела коцка“ во Љубљана

Од:

Во четврток на 24 септември, во Градската уметничка галерија во Љубљана ќе се отвори изложбата Наопаку – не толку бела коцка што е дел од долготрајниот и ко-кураторски истражувачки и интердисциплинарен проект инициран од Аленка Грегорич, уметничка директорка на Градската уметничка галерија во Љубљана (City Art Gallery Ljubljana), и Сузана Милевска, независна кураторка и теоретичарка на уметност од Македонија.

Делата на уметниците од Македонија Јане Чаловски и Христина Иваноска (овогодишни претставници на Република Македонија на Венециското биенале кои на изложбата се претставуваат со проектот „Музеј на модерна уметност на Oskar Hansen“) и Лилјана Ѓузелова и Сашо Станојковиќ кои ќе го изложат својот прв колаборативен проект „Инвентарна книга на прашања и одговори“ (објавен во дневниот весник Слободен печат на 31 јули оваа година) ќе бидат презентирани паралелно со делата на дваесетина други уметници како Азра Акшамија, Лучезар Бојаџијев, Власта Делимар, Андреас Фогараси, Флака Халити, Јусуф Хаџифејзовиќ, Сања Ивековиќ, ИРВИН (IRWIN), Далибор Мартинис, Иван Мудов, Тадеј Погачар, Илона Немет, Дан Пержовски, Лиа Пержовски, Славен Тољ и други различни дела и информации за слични активности во Просторот за истражување: АртЛикс, Раша Тодосијевиќ, Југословенска документа, итд.

12020348_10207833431288928_1737797587_o

„Наопаку-не толку бела коцка“ (Inside Out-Not So White Cube) е проект е составен од две (или повеќе) изложби и конференции, и две публикации (каталог и зборник). Домаќин-институција на проектов е Градската уметничка галерија во Љубљана, која соработувајќи со четири главни долгорочни истражувачи Вит Хавранек, Зоран Ериќ, Владимир Видмар и Ралука Воинеа во соработка со неколкумина други на краток рок истражувачи, куратори, институции и организации од централна и југоисточна Европа (Музејст на модерна и современа уметност од Риека и Музејот на современа уметност од Белград), кои ќе организираат дополнителни настани и изложби со цел на контекстуално развивање на проектот.

„Главна намера на проектот Наопаку-не толку бела коцка е да ги анализира постојните теориски и критички уметнички пракси понудени од уметници, уметнички колективи, истражувачи или институции од централна и југоисточна Европа кои критиката ја фокусираат на постојните модели на институциите, нивните програми и условите за создавање на уметничката продукција. Изложбата како и другите делови од проектот ја потенцираат промената во релацијата помеѓу улогата на уметноста и уметниците и улогата на музеите, галериите и другите јавни и приватни уметнички институции во продукцијата, презентирањето и колекционирањето на современата уметност во периодот на социо-политичката и економска транзиција.

Главните истражувачки прашања во проектот се следните: Како институциите влијаеле една врз друга и се менувале додека дејствувале заемно и/или соработувале за време на трансформацијата на политичкиот систем и транзицијата од централизирана во слободно- пазарна економија? Како ваквата трансформација влијаела врз уметниците и нивните проекти? Се обрнува внимание и на ургентноста во проследувањето на алтернативни интер-институционални модели, стратегии и трансформацијата на улогите на уметничките институции. Изложбата во Градската уметничка галерија во Љубљана пред сѐ презентира уметнички дела и проекти кои се фокусираат на доцните 1970ти и 1980ти, и некулку дела од 1990 и 2000. Некои од овие уметнички проекти се сметаа за зачетоци особено на “институционалните дебати“ во социјалистички контекст дури и пред појавата на тој уметнички феномен и често не во директна зависност од различните теми на институционалната критика во американската и западно-европската уметност. Социо-политичките и економските околности – и историјските состојби-во социјалистички (и пост-социјалистички) институциски контекст продуцираат суштински различен пример на релацијата меѓу уметниците, институциите, кураторите и другите експерти во оваа сфера.“, стои во информацијата за овој проект.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска