Ограбена куќа во тетовското село Пршовце

Од:

Материјална штета од околу 200 илјади денари пријавил А.З.(58) од тетовското село Пршовце во периодот по тешката кражба на пари, златен накит и друго  што вчера помеѓу 19 часот и 30 минути и 22 часот и 30 минути била извршена во неговата куќа, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

-Засега непознати сторители насилно ја отвориле влезната алуминиумска врата на приземјето, потоа се искачиле на катот и од спалната на синот одзеле 120 илјади денари во разни апоени како и 4 парчиња златен накит, прстени и синџир , два дигитални фотоапарати, исто толку мобилни телефони и уште 3.000 денари што се наоѓале во паричник. Со одземените пари и накит незабележани од никого тие ја напуштиле куќата  причинувајќи вкупна материјална штета која  според сопственикот се проценува на 200 илјади денари, изјави Јосифовски.

Полицијата извршила  увид и работи на целосно расветлување на случајот  и  откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи