Како што е соопштено од страна на британските медиуми, возачот во Формула 1, Џенсон Батон наскоро ќе го објави крајот на својата кариера и крајот на сезоната за него ќе значи пензионирање од Ф1 трките.
35-годишниот Батон не успеа да постигне договор со Мекларен за продолжување на соработката, а бидејќи на оваа возраст не сака да вози за били кој друг тим, тој најверојатно ќе се одлучи да се повлече од трките.
Батон во 2009 година беше шампион со Браун ГП, сегашен Мерцедес. До оваа недела, тој беше оптимист дека ќе се договори со раководството на Мекларен, но сега се зборува дека веќе во Јапонија за време на следната трка од Ф1 шампионатот, би можел да го објави своето пензионирање.