Ник Клег: Излегувањето на Британија од ЕУ ќе предизвика отцепување на Шкотска

Од:

Поранешниот британски заменик премиер, Ник Клег изјави дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ, може да предизвика заминување на Шкотска од Обединетото Кралство и сведување на државата на „мала Англија“.

Клег, кој поднесе оставка на функцијата лидер на партијата Либералми демократи, по катастрофалниот пораз на изборите во мај годинава, зборувајќи на есенската партиски конференција, предупреди на опасноста што со себе го носи евентуалното напуштање на ЕУ, не само во економско-соцјалната и бизнис сферата, туку и за целовитоста на земјата.

– Ако на референдумот, победи опцијата за излез од ЕУ, нема да има никакви дилеми дека СНП (Шкотската национална партија) таквата одлука ќе ја искористи, за свои потреби за да ги увери гласачите на нов референдум да гласаат за заминување на Шкотска од Велика Британија, вели Клег.

Според поранешниот лидер на Либерал демократите, во една таква разврска „некогаш големата земја ќе се сведе на мала Англија, оставена изолирана и без меѓународно влијание“.

Клег смета дека целата дебата за референдумот, за кој тој верува дека би можел да  се одржи уште идната година, ќе се сведе на прашањата за работните места, економската сигурност и преговорите со Брисел, но тој вели дека основното прашање е каква земја сакаат да имаат Британците и со каква улога во глобализираниот свет.

– Тоа е клучно прашање кое никако не смее да остане настрана, зашто треба да се утврди дали ние сакаме да предводиме во нашиот европски двор или да останеме изолирани од нашето најблиско соседство, предупредува Клег.

Тој ги повика британските лабуристи да се вклучат целосно во кампањата за останување на Велика Британија во ЕУ. Ваквиот повик до главната опозициска партија доаѓа откако нејзиниот нов лидер, левичарот Џереми Корби остави дилеми за тоа каква е неговата и партиската позиција околу ЕУ.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски