Рускиот претседател Владимир Путин им наредил на министерствата за одбрана и за надворешни работи на Русија да разговараат со своите белоруски колеги за изградба на руска база во Белорусија, јави Фена.
Властите во Минск засега не ги коментираа ваквите информации, што ги пренесуваат западните медиуми.
Белорусија досега во неколку наврати најави дека не е пожелно создавање на руска воена база на нејзина територија, но според анлитичарите не е исклучено Минск да попупти под притисокот на Москва имајќи ја предвид зависноста на земјата од руските кредити и енергенси.
Русија во моментов има две воени постројки на белоруската територија – радарска станица и комунукациски центар за подмориници.
Белорусија се граничи со Украина и со три земји-членки на НАТО, Летонија, Литванија и Полска.