Во Штип за два дена изедени 15.000 пастрамајлии

Од:

Во Штип за само два дена изедени се над 15.000 пастрамајлии, соопштија организаторите на осмото издание на манифестацијата „Штипска пастрамајлијада“.

Кирил Панајотов вработен во Општина Штип вели дека како организатори се задоволни од посетеноста на манифестацијата, која веќе втора година се одржува во близина на Градскиот стадион.

– Локалите се полни, а во текот на изминатите два дена се изедени околу 15.000 пастрамајлии, со што се очекува и да се урне минатогодишниот рекорд, којшто изнесуваше околу 100.000 пастрамајлии, вели Панајотов.

Угостителите и келнерите вчера и денес покажаа како се служи, но и јаде штипската пастрамајлија. Борче Митев е победникот во брзо јадење на пастрамајлија, за само 4 минути го изеде специјалитетот, кој се прави од месо, тесто и зачини. Средношколецот Јован Миланов беше најбрзиот келнер во денешната трка на келнери, кој за само 12 секунди на гостите може да им послужи пастрамајлија и вино.

Во Штип вечерва на сцената ќе настапат Калиопи и Жељко Самарџиќ, а утре концерти ќе имаат штипскиот саксафонист Ферус Мустафов и српската фолк пејачка Цеца Ражњатовиќ.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он