САД укинаа серија трговски ограничувања против Куба

Од:

САД објавија денеска нови олеснувања на трговските ограничувања и на правилата за патување за Куба.

Тоа е дел од историското зближување меѓу двете земји, кое почна кон крајот на 2014, соопшти прес-службата на американското Министерство за финансии.

Целосно се укинуваат претходните ограничувања на паричните трансфери на мигрантите кон Куба од две илјади долари на тримесечие.

Американските граѓани ќе можат легално да отвораат канцеларии или продавници на островот, според денеска објавените мерки.

Мерките исто така им овозможуваат на Американците да ја посетуваат Куба од семејни причини или за исполнување на хуманитарни проекти, додава Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак