ЛДП: Бегалците не смеат да бидат извор на профити

Од:

Либерално-демократската партија бара од Македонски Железници да ја врати редовната цена на билетите и да ги третира мигрантите и бегалците како и сите останати патници и корисници на нивните услуги.

Во исто време, апелираме до приватните автопревозници, да определат реална цена за своите услуги и да не се обидуваат да профитираат на маката на мигрантите.

Со оглед на фактот што проблемот со бегалците и мигрантите продолжува со ист интензитет, бавната и несоодветна реакција на власта, во нивно привремено згрижување и давање на прва помош, дозволува тие да се соочат со дискриминација и нехуман однос при нивниот транспорт до северната граница на државата.

Профитерскиот однос на Македонски железници, како и на некои приватни превозници надвор од Гевгелија на кои власта им овозможува „лов во матно“, е неприфатливо за едно демократско и цивилизирано општество.

Неколкукратното покачување на цената на билетите за бегалците, за да се оствари чист профит на сметка на нивните страдања за ЛДП е неприфатливо однесување, кое со оглед на сложеноста на ситуацијата добива размери на недозволиво профитерство во вонредни околности.

Целосно ја разбираме и тешката состојба во која се наоѓаат нашите граѓани од овие региони по напливот на бегалци, наспроти нискиот животен стандард на населението, но потсетуваме дека мигрантите и бегалците не се тие кои сносат вина за тоа, а виновниците за овој очај во кои сите се наоѓаме има точна адреса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски